Шансите дека Samsung ќе се врати на стандардната практика на користење на нивниот Exynos чип во Европа изгледа се зголемуваат. За ова веќе можевме да прочитаме, а сега истото го тврди и тоа со голема сигурност познатиот „Ice universe“.
Tој најавува дека барем во Европа чипот ќе се користи, 100%, што иако не може ова да се смета како сигурна потврда, сепак работите очигледно одат во тој правец.
Galaxy S24 серијата треба да биде претставена во јануари или евентуално февруари идната година, што значи дека сепак има време, па до тогаш ќе видиме по уште некоја гласина.
Враќањето на Exynos во Европа се препишува на зголемувањето на цените од страна на Qualcomm, а и планот на Samsung да вгради повеќе RAM идната година.
Сепак, ова не мора да бидат „лоши“ вести за корисниците кои дел од нив не би сакале оваа информација да се покаже како точна. Информациите покажуваат дека Exynos 2400 треба да биде доста моќен чип, барем на хартија засега, па не се мали шансите да европските Galaxy S24 идната година немаат воопшто проблеми во споредба со американската верзија.