Samsung-Galaxy-Note-7-iris-scanner-registration-840x472

Веќе ги знаеме скоро сите информации и поединости за новиот Galaxy Note 7 на Samsung – сега протекоа и детали за тоа како работи скенерот за ирисот на окото, но и за новите можности на S Pen пенкалцето.

Според информациите, сензорот за скенирање на ирисот на окото нема да биде особено брз за употреба, особено споредено со скенерот за отпечатоци на прстите. Имено, корисникот ќе треба да се погрижи да е оддалечен од 25-30 сантиметри од телефонот и очите да ги постави во два виртуелни кругови на дисплејот. Исто така, корисникот нема да може да носи очила или контактни леќи доколку сака неговиот ирис да биде прочитан од сензорот, а проблем може да биде и многу сонце.

Samsung-Galaxy-Note-7-iris-scanner-recognition-840x742

Ова се многу поголеми ограничувања кои ги имаат двата телефони кои во моментов имаат читач за ирисот на окото – Lumia 950 и 950 XL, кои можат да работат со очила и не бараат очите да се позиционираат во два кругови. Според тоа, користењето на овој сензор ќе биде пред се наменето при процесите на плаќање со телефонот, а не за негово отклучување – тогаш покорисен веројатно би бил читачот за отпечатоци на прсти.

Samsung-Galaxy-Note-7-security-settings-iris-scanner-840x742

S Pen исто така добива нови можности – сега корисникот ќе може да сними видео од дел на дисплејот и да направи .gif датотека од него. Дизајнот на оперативниот систем, кој сега го носи името Grace UX и има помодерно дизајнирани икони и различен дел за лансирање на апликациите.

Samsung-Galaxy-Note-7-Air-Command-S-Pen-menu-840x496

Galaxy Note 7 треба да биде претставен на 2-ри август и ќе биде вистински ѕвер во поглед на останатите спецификации- ќе има 5,7 инчен AMOLED дисплеј со EDGE рабови и Quad HD резолуција, Snapdragon 821 процесор, 6 GB рам меморија, 64 GB простор со micro SD слот, задна камера со 12 мегапиксели и предна камера со 5 мегапиксели и IP68 водоотпорност, исто како и Galaxy S7 и S7 Edge.

Samsung-Galaxy-Note-7-edge-features-840x496

Извор: Android Authority, TechnoBuffalo, Gizmodo

Претходна статијаVerizon го купува Yahoo за 4,83 милијарди долари
Следна статијаApple назначи еден од своите директори за шеф на дивизијата за развој на автомобил