Apple нема проблем со продажбата на iPhone телефони, што значи дека претставувањето на таков кој се преклопува, не е нешто што ќе направи голема разлика за компанијата со најпопуларниот телефон во светот.

Сепак, со години веќе читаме дека тоа не е нешто на кое не се размислува во компанијата, па не се исклучува можноста некогаш во иднина да биде претставен преклоплив iPhone.

Можевме да прочитаме дека можно е попрво да биде претставен iPad, па дури и MacBook на преклоп, но останува годините да покажат што ќе се случува.

Патент поднесен од Apple на 16 март ни покажува дека од компанијата се’ уште работат на можен развој на ваков телефон. Карактеристично за Apple, тие можеби ќе чекаат и да можат да понудат нешто поразлично од конкурентите, пред да се одлучат да влезат на овој пазарот.

Тоа нешто поразлично се гледа во поднесениот патент, а се работи за систем за заштита на екранот кој автоматски го затвора уредот, односно го склопува доколку падне.

Во објаснувањето за „Self-retracting display device and techniques for protecting screen using drop detection“, се истакнува дека не секогаш затворањето на уредот ќе може да се направи на време. Сепак, доколку уредот се затвори до агол помалку од 180 степени, заштитата не екранот ќе остане успешна.

Патентите никогаш не биле некој точен показател за што може да се очекува од компаниите. Од поднесените патенти се што може да се заклучи е на какви технологии се работи во компанијата, но најчесто истите не ги гледаме директно во некој производ.

Ова значи дека дури и да биде претставен iPhone на преклоп некогаш во иднина, не мора да значи дека тој ќе дојде со системот од овој патент.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Business Insider
Претходна статијаПроектот “Струмица – Паметен Вело Град“ се реализира согласно европските стандарди
Следна статијаНовиот Bing сега може да креира слики врз основа на насоки дадени од корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.