Продолжуваат информациите за iPhone 15 серијата, иако истата ќе биде претставена идниот септември. Веќе можевме да прочитаме дека треба да се очекуваат поголеми подобрувања кај камерите на оваа серија, а посебно кај Pro моделите, па сега има и конкретни информации зошто тоа може да се очекува.

Според информации од Nikkei Asia, iPhone 15 телефоните ќе користат нов сензор за камерите од Sony кој е ново развиен од компанијата и ќе почне да се користи и од страна на другите производители на смартфони.

Овој нов сензор од Sony, треба да овозможи дуплирање на сатурацијата на сигналот во секој пиксел во споредба со стандардните сензори. Ова ќе овозможи „собирање“ на повеќе светлина од страна на сензорот со што ќе се намалат ситуациите кога сликата е повеќе или помалку „изложена“.

Конкретен пример кој се дава како предност на овој нов сензор е чиста слика од лицето на тој што се слика, дури и во ситуации кога зад него има посилен извор на светлина.

Од Nikkei Asia објаснуваат дека од Sony го имаат постигнато ова подобрување преку нова архитектура за правење на полупроводници која ги поставува „фотодиодите“ и транзисторите во посебни слоеви на подлогата, а со тоа му дозволува на сензорот да додаде повеќе фотодиоди на саканиот слој.

Не е познато, а и уште е рано да се знае, дали овој нов сензор ќе се користи кај целата серија или само кај Pro моделите. Според некои најави, овој сензор може да испадне да се користи и само кај Pro Max моделот, кој може да го носи името Ultra од идната година.  

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаRelaxifyApp – првата интерактивна апликација за подобрување на менталното здравје
Следна статијаМаск објави дека од Apple се заканиле со тргање на Twitter од App Store
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.