Фото: Nothing

Неколку месеци по претставувањето на нивниот прв смартфон од средната класа, Nothing претставија и нешто посилна верзија од истиот. Nothing Phone (2a) сега добива Plus модел, односно достапен станува Phone (2a) Plus. 

Со оглед на близината на претставувањето на двата модели, а и додавката „плус“ во новиот модел, би се очекувало дека двата уреди ќе имаат нешто поголема разлика, обично таа се гледа кај големината на екранот. 

Сепак, Phone (2a) Plus не донесува нешто голема разлика од претходниот модел, а главната разлика може да се види кај перформансите. 

Новиот телефон доаѓа со нешто подобриот Dimensity 7350 Pro 5G, за разлика од Dimensity 7200 Pro 5G кај претходниот модел. Кога на ова ќе се додаде и новиот систем за водено ладење, можеби и треба да се очекува доволно подобрување на перформансите. Од Nothing истакнуваат 10% подобрени перформанси. 

Графичкиот процесор е истиот како кај претходниот модел, но со 30% повисока фреквенција, па и тука може да се очекува доволно забележлива разлика. 

Nothing Phone (2a) Plus доаѓа со три задни камери со по 50 мегапиксели, а надградба добива предната камера која сега и таа има сензор со 50 мегапиксели. 

Телефонот инаку доаѓа и со 6,7 инчен Flexible AMOLED екран со 120 херци стапка на освежување. Батеријата е со капацитет од 5.000 mAh, а секако тука е и карактеристичниот Glyph интерфејс кој кај „а“ моделите е поограничен. 

ИЗВОРNothing
Претходна статијаSamsung го потврди претставувањето на Exynos 2500 чипот
Следна статијаKnox приказна: Погрижете се податоците што ги споделувате да останат безбедни
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.