Nothing на почетокот од месецот најави дека наскоро ќе го претстави нивниот трет смартфон, овој пат од нешто пониската класа за разлика од претходниот, кој ќе го носи името Phone (2a).

Ваков телефон очекувавме дека од компанијата ќе го претстават под нивниот нов бренд CMF, но изгледа има време додека тој бренд почне да се користи за смартфони.

До некаде карактеристично за Nothing, кои мора да се признае дека се издвојуваат од останатите по настапот, објавија предвреме со кој чип ќе работи новиот Phone (2a).

Чипот овој пат нема да биде од Qualcomm, па од компанијата се одлучија за Dimensity 7200 Pro од MediaTek. Ова е чип од средно високата класа, па покрај тоа што може да се очекува пониска цена за телефонот, тој ќе дојде со одлични перформанси.  

Зошто се имаат одлучено за овој чип и какви се плановите на Nothing можете да погледнете во видеото во продолжение каде од компанијата разговараат на темата.

Претходна статијаiOS нема да поддржува PWA апликации за корисниците во ЕУ
Следна статијаЗапочна пријавувањето за 12-тото издание на најпознатата „Авицена Женска Трка“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.