За Nothing Phone (2) веќе знаеме дека може да се очекува оваа година, иако основачот на компанијата истакна дека не планираат чести нови верзии како останатите компании.

Намерно или не, се дозна и дека овој телефон ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, па со тоа може да се очекуваат одлични перформанси, но повторно пониска цена поради користењето на лански чип.

Дополнително, се најавува и дека Nothing Phone (2) ќе биде повеќе премиум во споредба со претходникот, што и да значи тоа, ќе мора да почекаме во кои делови ќе се направат главните промени.

Од Nothing денеска и официјално потврдија дека Phone (2) доаѓа ова лето, иако не истакнаа точно кога, а не е кажан ни месецот. Ако одиме според ланскиот модел, претставувањето може да се очекува за јули, но ќе видиме дали ќе има некакви промени.

Nothing Phone, иако треба да претставува некаква промена на „монотониот“ пазар, сепак во основа нуди функции какви би се очекувале. Тој делумно се издвојува со својот дизајн на задната страна, а ќе видиме дали втората генерација повторно ќе оди во таков правец.

Претходна статијаЧитањето е безвременска навика: Богата програма од 4ти до 10ти мај на 35. Меѓународен Саем на книга
Следна статијаGoogle овозможи најава на сметките од корисниците без лозинка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.