По најавата дека претставувањето на вториот телефон од Nothing ќе биде ова лето, сега од компанијата ја објавија и официјалната дата.

Nothing Phone (2) ќе биде претставен на 11 јули во Лондон на онлајн настан кој ќе може да се гледа преку страната на компанијата со почеток во 17:00 часот по македонско време.

Тоа што е официјално познато за овој телефон е дека ќе дојде со чип од повисоката класа, нешто што беше барано од корисниците.

Чипот на којшто ќе работи Nothing Phone (2) е Snapdragon 8+ Gen 1, a по неофицијалната најава од страна на директор во Qualcomm, информацијата беше потврдена и од страна на Карл Пеи.

Можеби ова не е најновиот чип од Qualcomm, но тој сепак е од највисоката класа и многу малку заостанува зад најновиот Snapdragon 8 Gen 2.

Корисниците може да очекуваат доста големо подобрување на перформансите во споредба со Nothing Phone (1).

Од другите карактеристики се очекува дека телефонот ќе дојде со батерија со капацитет од 4.700 mAh, поголем екран за 0,15 инчи и три камери со по 50 мегапиксели.

Претходна статијаGoogle ќе ги прилагоди дел од своите апликации специјално за поголемиот надворешен екран кај Galaxy Z Flip5
Следна статијаGoogle Photos доби неколку нови алатки за измена на сликите кои досега беа достапни на мобилните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.