Nothing денеска го најави претставувањето на нивниот трет телефон од формирањето на компанијата, а тој ќе го носи името Nothing Phone (2a).
Од самото име можеме да видиме дека не треба да се очекува голема промена од ланскиот модел, па од компанијата паметно се имаат одлучено за соодветно име на телефонот.
Во најавата на Phone (2a), Nothing се осврнува на типот на корисници кои ги имаат, па истакнуваат дека иако има такви кои се технолошки „напредни“, има и корисници кои се заинтересирани за основното функционирање на телефонот.
Токму тоа ќе биде центарот на концентрација на Phone (2a), што значи дека може да се очекува во главно подобрувања кај постојните функции на Phone (2).
За оваа стратегија Nothing мора да бидат пофалени, односно не се одлучуваат да го прифатат стилот на функционирање на останатите кои секоја година претставуваат нови телефони со слични карактеристики и изглед, но се промовирани како доста голема надградба.
Не е дадена дата кога можеме да го очекуваме Phone (2a), но тоа сигурно ќе биде во наредните неколку месеци.