jyunwfeeqr36oimwhyza3n-970-80

Своевремено (убедливо) најголемиот производител на мобилни телефони во светот, од наредната година конечно ќе се врати на сцената. Како и порано, Nokia потврди дека новите модели ќе ги претстави на Mobile World Congress во Barcelona и според информациите што ги имаме, се работи за телефони од високата класа.

Финците долго време го најавуваа своето враќање на смартфон сцената, овој пат со Android наместо со Windows оперативниот систем. Причината зошто поминаа неколку години додека ги видиме првите Nokia телефони со Android е што Microsoft ги поседуваше правата на брендот. Отсега, сопственик на брендот е повторно Nokia, која ако одиме според минатото, можно е да спрема нешто навистина интересно.

nokia-d1c

Според најавите, двата нови уреди ќе имаа дисплеи со 5,2 и 5,5 инчи и ќе бидат изработени од алуминиум. Се очекува да бидат и IP68 водоотпорни, исто како Galaxy S7 серијата на Samsung. Камерата би требало да е фокусот на иновациите кои ќе бидат вградени во телефонот – се очекува сензор со највисока сензитивност на светлина од сите паметни телефони досега, а најавено е дека дел од него ќе биде изработен од графин. Всушност, додека беше на пазарот, Nokia и нивната PireView технологија за камерите беа водечки на пазарот, па може да очекуваме највисок квалитет на камерата и од новите телефони.

Со уредите од високата класа Nokia сигурно планира да направи „бум“ на пазарот и токму затоа веќе најавуваниот D1C телефон од ниско – средната класа е одложен за лансирање малку покасно. За него се знае дека ќе има 5,5 инчен Full HD дисплеј, Snapdragon 430 процесор, 3 GB рам, 16 или 32 GB простор и камера со 16 мегапиксели.

112

Телефоните на Nokia најверојатно ќе доаѓаат со Android Nougat и Z Launcher скинот на Nokia, кој од Play Store уште сега може да го симнат корисниците на Android и да го пробаат на своите телефони и таблети.

Извор: T3, GSM Arena, Phone Arena

Претходна статијаВлијанието на Социјалните Мрежи
Следна статијаMoto Z – Најтенкиот премиум смартфон во светот веќе и во Македонија