marlin-render

Како што најавивме неколку пати, Google и HTC треба наскоро треба да ги претстават новите Nexus, односно според последните информации Pixel телефони, а сега имаме и ново видео во кое може да погледнеме рендер на помалиот Sailfish од буквално секој агол.

Sailfish ќе биде всушност помалиот Pixel телефон, додека уредот со кодно име Marlin ќе се нарекува Pixel XL. Според она што може да го видиме на видеото, производителот на телефонот HTC ќе вгради доста свои дизајнерски елементи во смартфоните, особено во изведбата на страничниот дел, но ќе има и елементи кои ќе ги издвојат од HTC 10 на пример, како задниот дел, кој ќе биде спој на алуминиум со стакло.

Од видеата може да се потврди и дека телефонот ќе има USB Type-C приклучок и два стерео звучници во долниот дел, кои рака на срце ќе бевме посреќни да бидат поставени во предниот дел – кај HTC 10 едниот звучник е истиот на кој всушност зборувате на телефонот. Дебелината на Sailfish исто така нема да биде мала, односно на најдебелиот дел таа ќе изнесува 8,5 mm. Сепак, HTC никогаш и не правел многу тенки телефони, но дефинитивно знаат да го прикријат тоа со дизајнот и со начинот на кој тие лежат во рака.

Останатите спецификации за овој модел ни се скоро целосно познати и тука не би требало да има изненадувања – процесорот ќе биде Snapdragon 820, помогнат од 4 GB рам и 32 GB простор, додека дисплејот ќе има големина од 5,2 инчи и Quad HD резолуција. Задната камера ќе има 13 мегапиксели, додека предната ќе има 8 мегапиксели.

Извор: Android Authority, 9 to 5 Google, Android Headlines

Претходна статијаApple веќе нема да ги објавува иницијалните бројки за продажба на iPhone
Следна статијаНајавено петтото издание на AllWeb