После долг период на шпекулации, претпоставки и многу утнати предвидувања за датата на претставување, Google денес конечно го претстави новиот мобилен од Nexus серијата, Nexus 5. Заедно со Nexus 5 ја претстави и најновата верзија на својот оперативен систем Android 4.4 KitKat, па еве официјално да погледнеме што ново претстави Google.

Nexus 5

Nexus5_tilted

Како и претходниот модел и овој е произведен од страна на LG.

Nexus 5 каректеристики

Екран4.95 инчен 1920x1080 екран (445 ppi)
Full HD IPS
Corning® Gorilla® Glass 3
Камера1.3MP предна камера
8MP задна камера со оптичко стабилизирање на сликата
Димензии69.17x137.84x8.59 mm
130g
Батерија2300 mAh
ПроцесорQualcomm Snapdragon™ 800, 2.26GHz
Adreno 330, 450MHz графички процесор
Безжични мрежиDual-band Wi-Fi (2.4G/5G) 802.11 a/b/g/n/ac
NFC (Android Beam)
Bluetooth 4.0
Меморија16/32 GB надворешна меморија
2 GB RAM меморија
СензориGPS
Gyroscope
Accelerometer
Compass
Proximity/Ambient Light
Pressure
Hall

Android 4.4 KitKat

Android-KitKat

Со оваа верзија на Android, Google ќе се обиде да го реши најголемиот проблем на оперативниот систем, а тоа е неговата фрагментираност. Поради големиот број на верзии, како и додатните прилагодувања на оперативниот систем од страна на производителите на телефони, секоја наредна верзија бара се повеќе и повеќе ресурси, па доколку имате постар или поевтин телефон, нема да може да ја инсталирате најновата верзија. KitKat е така направен да може да работи и на уреди со 512 MB RAM меморија, па од Google се надеваат дека послабите модели ќе почне да се продаваат со оваа верзија на Android. Ова е постигнато со намалување на меморијата што ја користи оперативниот систем, преку отстранување на одредени непотребни позадински процеси, како и намалување на користењето на меморија од одредени функции кои редовно се користат. Доколку ова биде успешно, сите активни Android телефони ќе ја имаат истата верзија од оперативниот систем.

Покрај позадинските промени, KitKat доаѓа и со нови функции и подобрувања во корисничкото искуство. Направена е промена на Phone апликацијата, преку која сега покрај контактите, може да се пребаруваат местата во близина, како на пример телефонските броеви на рестораните во вашата близина, кои ги немате во вашиот именик. Друга нова функција е искористувањето на целиот екран при користење на одредени апликации, па при читање на книга, на пример, контролите од оперативниот систем се сокриваат и целиот екран може да го користите за читање. Контролите се покажуваат со повлекување со прстот од горниот дел на екранот, па истите се сокриваат пак после неколку секунди. Новата Hangouts апликација, која што ја замени Google Talk сега е главната апликација преку која што праќате и добивате пораки. Преку неа покрај разговорите со вашите Google пријатели, сега преку неа ќе ги добивате и испраќате SMS и MMS пораките. Други новости што доаѓаат во KitKat се:

  • Можност за печатење на документи, слики и веб страни на принтери кои се поврзани преку Google Cloud Print и Hp ePrint, како и други принтери кои имаат апликација во Play Store.
  • Поддршка за Bluetooth MAP
  • Редизајнирана Downloads апликацијата
  • Подобрена Email апликација
  • Подобрување на реагирањето на екранот на допир, кое што е достапно само на Nexus 5 и поновите телефони што ќе излегуваат
  • Подобрена Sandbox функција за апликациите преку користење на Security-Enhanced Linux
  • Подобрена работа со Home екраните
Претходна статијаFacebook сака да ги следи движењата на курсорот
Следна статијаСпредба на новиот Nexus 5 со популарниот Samsung Galaxy S4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.