Продолжуваат гласините дека Apple идната година ќе претстави iPhone на преклоп, во стилот на „книга“ како што ги нарекуваат, односно во стилот на Galaxy Z Fold или најтенкиот ваков уред кој беше претставен оваа недела, Oppo Find N5

Најновата гласина доаѓа од Digital Chat Station преку кинескиот Weibo, а овој профил досега има погодено повеќе информации, па тоа што го кажува може да се земе како можно точно. 

Според оваа гласина, iPhone на преклоп ќе дојде со големина на екранот од 5,49 инчи кај надворешниот, односно 7,74 инчи кај внатрешниот екран, односно тој кој се превиткува. 

Се истакнува и дека овој уред ќе има нестандарден формат, па доколку навистина биде така, ќе видиме на што се мисли. 

Главната причина поради која се’ уште чекаме на влез на овој пазар од страна на Apple е позната, а тоа е политиката или филозофијата на компанијата да не претстави некој производ додека истиот не е целосно подготвен. 

Од сегашните уреди на преклоп кои ги гледаме со години, иако се доста подобрени, се’ уште гледаме дека не е можно тргање на линијата на местото на превиткување на екранот. Колку и да е намалена со текот на годините, сепак не би сакале да видиме скап iPhone кој ќе има линија на сред екранот. 

Претставувањето на овој iPhone на преклоп се најавува за идната година, но како што има покажано искуството тоа може и да не се случи, па се истакнува и 2027. По овој уред се најавува претставување и на iPad на преклоп.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGrok3 им стана достапен на сите корисници бесплатно
Следна статијаMajorana 1, новиот квантен чип од Microsoft ги зголемува надежите за побрзо создавање на функционални квантни компјутери
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.