Moto X серијата од Lenovo привлекува големо внимание поради одличните карактеристики со кои секогаш доаѓаат уредите со овој бренд, а сепак не толку високата цена поради класата во која припаѓа оваа серија.

Истото ќе важи и за Moto X4 моделот којшто се’ уште не е претставен, меѓутоа како за повеќето интересни уреди на пазарот, веќе можеме да прочитаме со какви карактеристики ќе доаѓа, а денес можеме да видиме и нови и подобри слики, па да добиеме претстава и како ќе изгледа.

Сликите ги објави порталот Android Authority, ексклузивно од нивни извори. Не може да ја потврдиме нивната автентичност, се разбира, меѓутоа ако едно на научи искуството во изминатите години, ретко кога ваквите информации се покажуваат како неточни.

Од сликите на кои се гледаат и задната и предната страна може да се види дека се работи за стандардниот и препознатлив дизајн на Moto уредите. Ги нема во последно време популарните кај високата класа мали рамки и слично, меѓутоа тоа и ја издвојува оваа класа од високата.

Може да се види дека X4 ќе доаѓа со двојна задна камера која ќе овозможи одлично искуство при сликање на слики. За едната се верува дека ќе биде со 12 мегапиксели, а другата со 8 и ултра широка леќа. Двете камери во комбинација може да овозможат добри ефекти по сликањето на сликата, поточно со длабочината на истите.

Со оглед на фактот што се работи за уред од средно високата класа, соодветно X4 се очекува да дојде со Snapdragon 630 процесорот, поддржан од 3 и 4 GB RAM меморија, 32 и 64 GB простор за складирање, зависно од пазарот.

Moto X4 исто така се очекува да дојде до 5,2 инчен Full HD екран, како и со батерија со капацитет од 3.000 mAh.

Извор: Android Authority, PhoneDog

Претходна статијаMicrosoft го лансира “Windows 10 Pro for Workstations” наменет за серверските машини
Следна статијаEssential Phone почнува со продажба на 25 август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.