Фото: Shutterstock.com

Apple досега претстави три модели од нивната „пониска и поевтина“ класа која го носи додатокот SE. Последниот iPhone SE беше претставен во 2022 година кој го задржа стариот дизајн со Touch ID копчето на предната страна. 

Повеќе пати досега можевме да прочитаме дека од компанијата планираат повторно да претстават iPhone SE, а најновите информации претставувањето го ставаат за март идната година. 

За овој модел се најавува дека ќе има променет дизајн кој е во рамките на другите модели, а исто така ќе дојде со 5G чип развиен од Apple, нешто што од компанија одамна го планираат за тргање на зависноста од Qualcomm. 

Очекувано, телефонот ќе дојде со доволно добар чип за да може да има Apple Intelligence, тука се и двете камери, една на задната и една на предната страна, како и големината на екранот од 6,1 инч. 

Сега информациите говорат дека е можно да дојде до промена на начинот на именување на овие уреди, па наместо iPhone SE, наредниот ваков уред Apple ќе го нарече iPhone 16e. 

Ова може да се спореди до некаде со начинот на којшто Google ги именува нивните Pixel уреди, па послабиот од серијата кој доаѓа после главните, обично го именува со додавката „a“, по бројката од главните модели. 

За идната година се најавува и претставувањето на најтенкиот iPhone досега кој неофицијално се нарекува iPhone Air и iPhone Slim. 

Главните iPhone 17 Pro модели идната година се очекува дека ќе добијат и редизајн, па има доста гласини кои ќе треба да се остварат за 2025. 

ИЗВОР91mobiles
Претходна статијаSamsung: Првиот чекор кон вистинскиот AI придружник
Следна статијаByteDance го однесе случајот за забрана на TikTok до Врховниот Суд на САД
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.