Сликата е генерирана од DALL-E од OpenAI

Apple никогаш предвреме нема да потврди нешто вакво, но сепак се верува дека идната година од компанијата планираат да претстават целосно нов модел од iPhone кој треба да го замени сегашниот Plus модел. 

Овој iPhone нема да биде на ниво од Pro моделите, а ќе треба да го привлече вниманието со неговата мала дебелина. 

Според најновите информации, овој iPhone треба да дојде со дебелина од 5 или 6 милиметри, што би го направило најтенкиот iPhone досега. 

Разликата не е огромна, па iPhone 16 доаѓа со дебелина од 7,8 милиметри, додека iPhone 16 Pro со 8,25 милиметри. Сепак, ова ќе биде доволно за да може да се забележи разликата, како што е случајот со досега најтенките iPad уреди

Овој уред засега се нарекува iPhone Air, а некои го нарекуваат и iPhone Slim, па ќе видиме во кој правец ќе отиде Apple идниот септември кога треба да биде претставен заедно со iPhone 17 серијата. 

На задната страна се очекува дека телефонот ќе дојде со една камера поставена во средината на горната страна, нешто слично со најавите за редизајн на овој дел кај iPhone 17 Pro моделите. 

Големината на екранот се најавува за 6,6 инчи, рамката околу би била алуминиумска, а би се користел новиот A19 чип како кај iPhone 17 моделот. Камерата би имала наводно 48 мегапиксели, додека предната камера 24 мегапиксели. 

Се истакнува дека од Apple се’ уште имаат проблем да ги вградат сите компоненти, а посебно батеријата, во толку тенок дизајн на уредот, па ќе видиме што ќе биде претставено идната година. 

iPhone Slim треба да дојде со 5G чип од Apple, кој се најавува со години веќе и треба да ја намали зависноста на компанијата од Qualcomm. Овој чип се најавува дека ќе биде вграден и во наредната генерација од iPhone SE, уред кој исто така неофицијално се најавува за идната година.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft претстави апликација за превод во вистинско време за компаниите
Следна статијаGrok од xAI наскоро треба да стане достапен преку посебна апликација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.