Balmuda Phone е смартфон каков што нема на пазарот, а и одамна немаме видено нешто слично. Се работи за мал уред кај кого посебно се истакнуваат заоблените делови, кои се карактеристични и за задната страна овозможувајќи поприродно вклопување во раката.

Овој телефон привлекува уште повеќе внимание кога ќе се прочита дека компанијата која стои зад него е јапонска компанија која произведува луксузни тостери. Balmuda Phone дефинитивно излегува од нивниот стандарден бизнис, но тие тоа го прават навистина на уникатен начин, а не како што и многу други компании го имаат направено, со обичен телефон замислен за маркетинг цели.

Balmuda Phone би им се допаднал на корисниците кои сметат дека денешните смартфони се премногу големи и непријатни за користење. Доколку се земат бројките од продажбите на производителите на смартфони, овој вид на корисници се сепак малцинство, но сигурно целта на Balmuda Phone не е масовна продажба.

Покрај истакнатата заобленост на задната страна од уредот, Balmuda Phone е уникатен по тоа што и екранот е заоблен, а не само рамката околу него.

Екранот е со големина од 4,9 инчи, што го става во доста мала категорија и ретко кој на пазарот нуди вакви телефони. Резолуцијата е со 1920 на 1080 пиксели, но не е јасно дали се работи за LED или OLED технологија.

Поради малата големина, батеријата не може да се очекува дека би имала нешто поголем капацитет, па истата има капацитет од 2500 mAh.

Balmuda Phone работи на Snapdragon 765 чипот, но нема информација колку RAM доаѓа со телефонот.

Телефонот дополнително се разликува од останатите Android смартфони и по корисничкиот интерфејс кој не функционира на стандардниот начин на поставување на икони на повеќе екрани. Со секое повлекување на друг екран, се вклучува посебна апликација која од производителот сметале дека е корисна за брз пристап.

Цената сигурно би очекувале дека треба да е доста ниска, но истата изнесува околу 900 долари, па не е баш јасно како дошле до истата од јапонскиот производител на тостери, но можеби се надеваат дека заинтересирани би биле нивните стандардни клиенти.

ИЗВОРARSTechnica
Претходна статијаПрв златен медал во историјата за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика
Следна статијаДиректорот Петров на „Improvate” конференција во Ерусалим: Развојот на нови технологии во фокусот на ФИТР
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.