Познатиот Ice universe излезе со информација дека основниот Galaxy S23, поточно првиот и најевтин модел, ќе дојде со побавен простор за податоци. Според него, чипот со капацитет од 128GB ќе биде направен на основа на UFS 3.1 стандардот, но не новиот UFS 4.0 кој треба да е дупло побрз, но и поефикасен во потрошувачката на батеријата.

Причината за ова е фактот што Samsung нема верзија со 128GB од нивните чипови кои ги прави на основа на новиот UFS 4.0 стандард, па доколку се користи овој чип, тој ќе мора да е со UFS 3.1.

Сепак, на почетокот од месецот можевме да прочитаме дека Galaxy S23 серијата нема да има верзија со 128GB, па сите модели ќе почнуваат со 256GB, нешто што ако се покаже како точно, ја прави неважна информацијата од Ice universe.

Претставувањето на Galaxy S23 серијата ќе биде на 1 февруари, односно во среда, а ќе може да се гледа во живо со почеток во 19:00 часот по македонско време.

Galaxy S23 серијата според нас е доста важна серија, која треба да го покаже правецот во кој ќе се движи Samsung, а посебно со најавите дека овој пат Snapdragon чипот ќе се користи во целиот свет.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаНово истражување на Visa: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги
Следна статијаАналитичарот Куо најавува iPad на преклоп за идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.