MagSafe полнач/Apple

WPC, односно Wireless Power Consortium, ја најави втората генерација од познатиот Qi стандард за безжично полнење. Стандардот, кој треба да почне да се користи кај уредите од оваа година, е наречен Qi2 и донесува неколку новини кои ќе направат разлика на пазарот, односно за корисничкото искуство.

Од WPC најавуваат подобрување на корисничкот искуство преку унифицирање на индустријата за безжично полнење под еден стандард. Тие истакнуваат дека ќе се стави крај на забуната која ја имаат корисниците, како и продавачите, за тоа дали некој уред може да се користи со одредени полначи или не.

Една од најголемите новини кај Qi2 стандардот доаѓа од еден од членовите на WPC, а тоа е Apple. Од оваа компанија ја имаат овозможено технологија зад MagSafe, која е користена како основа за развојот на новиот Qi2 стандард. Ова значи дека тоа што го имаат корисниците на Apple сега може да го очекуваат повеќето корисници или со други зборови „MagSafe“ доаѓа и за Android корисниците.

Од WPC додаваат дека со Qi2 и MagSafe основата, односно Magnetic Power Profile на Qi2, корисниците ќе добијат подобра ефикасност при полнењето поради прецизноста на поставувањето на полначот со помош на магнетите, а истото ќе влијае и на брзината на полнење. Корисниците исто така може да очекуваат и нови додатоци за телефоните, како што се на пример, додатните батерии кои се „закачуваат“ на задната страна од уредот.

Qi2 стандардот ќе го замени Qi стандардот, а истото може да се очекува уште оваа година. Најавата на Qi2 стандардот беше направена во рамките на CES 2023 саемот за технологија во Лас Вегас, а дел од останатите најави можете да ги погледнете тука.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаSony нема да ги претстави новите телевизори за оваа година на CES 2023
Следна статијаSamsung воведува нова Bespoke линија за поврзано и приспособено искуство во кујната на CES 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.