Познатиот Минг-Чи Куо најави дека iPhone 13 ќе дојде со чип наменет за поврзување со сателитите кои се во ниската орбита на Земјата. Оваа можност на iPhone 13 ќе биде наменета за кога не е достапна мрежна покриеност и корисниците чии оператори имаат договор со компанијата со која ќе соработува Apple, ќе можат да ја користат.

Сепак, според најновите информации, оваа најава изгледа е избрзана, па корисниците не треба да се надеваат на нешто вакво.

Дека Apple планира нешто вакво останува како информација, но функцијата би била замислена за кратка комуникација во итни ситуации.

Корисниците би можеле во итни ситуации, а кога нема мрежна покриеност, да испратат ограничена и кратка порака со своите контакти за вакви ситуации. Тоа значи дека оваа функција нема да може да се користи за разговори и неограничени пораки, како и интернет.

Според други информации, чипот којшто се споменува ќе се користи само за надополнување на 5G конекцијата на iPhone.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаЌе мора да го внесете вашиот роденден на Instagram за да можете да продолжите да ја користите апликацијата
Следна статијаМакедонија се мачи да влезе во ЕУ: Што значи тоа за пазарот за електронски комуникации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.