AndroidHeadlines

Покрај продажбата прво на Google, а потоа на кинескиот Lenovo, Motorola остана бренд којшто значи нешто во светот на мобилната телефонија до ден денес. Тие претставуваат модели од сите класи, а познати се и по претставувањето на уникатни уреди, како што се модуларните телефони кои овозможуваат менување на разни додатоци.

Според информациите за кои порталот AndroidHeadlines тврдат дека се од нивни проверени извори, Motorola спрема нов телефон којшто привлекува внимание поради неколку причини.

Првата е името Motorola, кое изгледа од Lenovo ќе го вратат во употреба по одлуката телефоните да го носат само краткиот бренд Moto. Според изворите на информациите, телефонот којшто не е познато кога точно ќе биде претставен, ќе го носи името Motorola One Power, а истото се гледа и на сликата погоре.

Втората работа која што е важна за овој телефон, а исто така се гледа од сликата, е исечокот на горниот дел од екранот. Исечокот се користи со цел да се овозможи екран без скоро воопшто рамки, а изгледа Motorola ќе се приклучи на овој тренд, започнат од iPhone X, иако имаше вакви уреди и претходно.

Според информациите, Motorola One Power ќе биде Android One уред. Тоа значи дека покрај скоро оригиналното Android искуство, кое обично е карактеристично за Motorola уредите, односно искуство без промени на интерфејсот, овој уред ќе добива и редовни надградби како што ќе бидат пуштани од Google. Гаранцијата за редовни надградби во главно е за неколку години, што во денешно време е повеќе од доволно.

За уредот се верува дека ќе биде од средната или повисоката класа, па останува да видиме кога ќе стане достапен на пазарот.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2AndroidHeadlines
Претходна статијаПремиерно – Шефот на слаткарницата на ТЛЦ 03.06 во 21.00
Следна статијаneoDC е најновиот и современ „always on“ дата колокациски центар од Неоком
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.