null

Motorola, односно Moto, како што сега се нарекува компанијата во сопственост на Lenovo, преку својот Twitter профил од Канада, најави претставување на нов телефон за утрешните ден, односно за 1ви јуни.

Во твитот тие истакнуваат дека планираат да претстават „храбар“ телефон, што укажува на тоа што, односно која класа може да ја очекуваме.

Иако повеќе информации не се објавени, се очекува да биде претставен Moto Z2 Play, а можеби и уште неколку уреди од пониските класи.

Moto Z2 Play, доколку се суди според неговиот претходник, треба да биде уште еден одличен смартфон од овој производител којшто досега направи најмногу кога се во прашање модуларните уреди.

Овие модели од Moto нудат цела серија на додатоци кои може да се стават на уредот и да овозможат некоја функција која не може да биде достапна на еден мобилен уред фабрички.

Како и претходникот, Z2 Play се очекува да биде уред со просечни карактеристики, односно соодветни за неговата средна класа.

Што точно ќе биде претставено од Moto, ќе видиме во текот на утрешниот ден.

Извор: TechnoBuffalo, Twitter

Претходна статијаПреправениот Note 7 FE лесно ќе се распознава од оригиналниот модел
Следна статијаIntel официјално ја претстави Х серијата на чипови, меѓу кои и Core i9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.