Motorola официјално го најави датумот кога ќе ја претстави наредната генерација од нивниот „флип“ уред. Новиот RAZR ќе биде претставен на 1 јуни, а ова е четвртата генерација од модерниот телефон на преклоп направен со инспирација на старите вакви телефони популаризирани од страна на Motorola.
За новата генерација се очекува дека ќе го носи името RAZR 40 и овој пат ќе дојде со два модели. Вториот модел се очекува дека ќе го носи името RAZR 40 Ultra и ќе биде посилната варијанта од серија која досега можеше да се стави во средната класа.
Како најголема новина кај RAZR 40 серијата, иако не знаеме дали кај двата модели, се очекува да биде надворешниот екран. Исто како што се најавува за Galaxy Z Flip5, екранот треба да биде многу поголем од досегашните, па корисниците ќе можат и реално да го користат за одредени работи.
За овој модел се очекува дека ќе дојде со Snapdragon 8+ Gen 1, чип кој неколку производители се решаваат да го користат оваа година. Ова овозможува да се понуди пониска цена за уредот кој сепак на крајот нуди само нешто послаби перформанси од најновата генерација.
Датата на претставување не е далеку, па ќе видиме што ќе донесе на пазарот еден од подобрите конкуренти Motorola.