Lenovo (сопственикот на Motorola) наскоро ќе ги лансира наследниците на одличните Moto Z телефони, а како што бива денес, уште сега ги имаме скоро сите информации.

Поточно, тука алудирам на Moto Z2 Play, уредот кој е наменет за купувачите со поплиток џеб, кои и натаму сакаат модуларен смартфон, кој ќе можат да го подобрат со најразлични додатоци.

Z2 Play има 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција и тоа OLED, што го става многу близу до најдобрите смартфони во високата класа. Процесорот ќе има осум јадра и најверојатно ќе биде Snapdragon од серијата „600“, помогнат од одлични 4 GB рам меморија и 64 GB простор, со простор за micro SD картичка. Ова се одлични спецификации за смартфон од средната класа, односно повеќе како за смартфон од средно – високата класа.

И камерите ќе бидат подобрени – задната ќе има сензор од 12 мегапиксели, додека предната ќе има 5 мегапиксели. Сепак, батеријата ќе има само 3.000 mAh, што е помалку од таа на актуелниот модел. Ова значи дека траењето со едно полнење ќе биде помало, иако Snapdragon 600 процесорите се познати по тоа што се исклучително штедливи.

Една од главните предности на Z2 Play, покрај тоа што ќе биде модуларен и ќе ги прима сите досегашни додатоци, ќе биде тоа што ќе има чиста верзија на Android Nougat 7.1.1, која ќе може лесно да се надградува на понови верзии, а ќе овозможи и подобри перформанси и подолго траење на батеријата.

Извор: PhoneDog, NDTV, Digital Trends

Претходна статијаGoogle Jamboard е бела табла за цртање со Cloud можности
Следна статијаФајловите за преводи го отвораат уредот на хакерски напади