Иако не помина супер популарно на пазарот како Galaxy или iPhone, Moto Z сигурно беше еден од најинтересните смартфони минатата година, кој доби и многу тврдокорни следбеници поради можноста да се прошират неговите функционалности со Moto Mods додатоците.

Сега, Moto го најави новиот Moto Z2 модел, кој ќе биде новиот знаменосец и кој ќе биде официјално претставен на 25 јули, а со него ќе бидат претставени и неколку нови Moto Mods.

Самиот телефон ќе биде супер моќен – процесорот ќе биде Snapdragon 835 во сите верзии, но ќе има две изведби со различен капацитет и рам меморија. Првата ќе има 4 GB рам и 64 GB простор, додека помоќната ќе има 6 GB рам и 256 GB простор (веројатно ова ќе биде Moto Z2 Force).

Благодарение на тоа што Android верзијата ќе биде блиска на онаа на Google, може да се очекуваат супер високи перформанси од овој смартфон.

Како и многу други смартфони од високата класа и Moto Z2 ќе има двојна камера во задниот дел, додека дисплејот ќе остане 5,5 инчен со Quad HD резолуција.

На сликата од Moto се претставени и новите додатоци – GamePad ќе биде џојстик кој играњето на мобилните игри ќе го направи многу, многу поудобно, 360 Camera ќе овозможи снимање на виртуелно видео, додека Portable Photo Printer ќе овозможи да ги испечатите фотографиите од вашиот паметен телефон.

Останатите додатоци се истите од лани – Hasselblad True Zoom камера, Turbo Power Battery Case футрола со дополнителна батерија и JBL Speaker дополнителен моќен звучник.

Извор: Techno Buffalo, Phone Arena, Ausdroid

Претходна статијаPorsche и AOC лансираат импресивно дизајнирани монитори
Следна статијаORWL лансира самоуништувачки компјутер, кој е најбезбедниот досега