Маркез Браунли ги прикажува трите нови iPhone модели кои треба да бидат претставени во септември

Моделите не се вистински телефони, а се направени врз основа на досегашните информации коишто се достапни за овие уреди и до кои посебно има дојдено Браунли

Информациите досега говорат дека Apple оваа есен ќе претстави три нови iPhone модели и главната карактеристика на сите модели ќе биде исечокот на горната страна од екранот, како што е сега случајот со iPhone X.

Според информациите, iPhone X ќе добие втора генерација, односно надградба и оваа година, а ќе биде претставен и поголем iPhone X модел којшто најверојатно ќе биде наречен iPhone X Plus. Третиот iPhone ќе биде некаде помеѓу овие два модели кога е во прашање големината на екранот, меѓутоа ќе биде нешто послаб и поевтин модел којшто ќе нема OLED туку LCD екран.

Според сите досега достапни информации, познатиот и интересен Маркез Браунли, ги прикажува трите нови iPhone модели, односно прикажува уреди направени според досегашните информации.

Видеото е на почетокот од оваа статија и ги прикажува најверојатно вистинските на изглед iPhone-и кои ќе бидат претставени наскоро.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаIntel ќе ја претстави 9-тата генерација од своите процесори на 1 октомври?
Следна статијаРСБСП со совети: Тргнете безбедно и подготвено на семејно патување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.