Веројатно веќе и не е тајна дека Surface тимот на Microsoft работи на нов тип на преносен уред со кодно име Surface Andromeda, кој според нов патент на Microsoft скоро сигурно ќе има „двоен дисплеј“, кој ќе може да се поврзе на едната страна, веројатно со многу мала рамка меѓу двата екрани, но и камера која веројатно ќе има подобра функционалност кога ќе биде склопена.

Идејата е мошне едноставна – на едната страна на телефонот ќе биде камерата со модулот, додека на другата ќе има дополнителна леќа. Каква функционалност ќе има дополнителната леќа рано е да се каже, но таа би можела да се искористи за побрза бленда, бидејќи ќе има простор за повеќе стакло, но и за евентуален оптички зум. Ова е одлична идеја за искористување на веројатно малку поголемата дебелина на уредот.

Двата екрани инаку може да се склопат во еден поголем дисплеј, што би овозможило користење на стандардни Windows програми во оригиналната нивна форма. Исто така, во ваква конфигурација, уредот ќе биде одличен за пишување со дигитално пенкалце, особено што Windows 10 е оперативен систем со најдобра поддршка за ваква интеракција.

Лансирањето на овој уред би можело да се случи уште наредната година и е во вистинско време – Windows 10 сега работи и на ARM процесори (уредот веројатно ќе има Snapdragon 845 и специјална изведба на Windows 10 за мобилни уреди, но со сите можности на оригиналниот оперативен систем), па Microsoft има одлична шанса да ги привлече професионалците кон ваков Surface преносен уред, како и да ги задоволи фановите кои веќе неколку години го чекаат митскиот Surface Phone.

Извор: Windows Central, The News Minute, PhoneArena

Претходна статијаLG Signature Edition е “V30 од керамика”, кој чини 1.800 долари
Следна статијаTesla развива свој чип за вештачка интелигенција, наменет за Autopilot