lumia-640-xl-1-620x443

Гледајќи по спецификациите, но особено во начинот на кој оперативниот систем на Microsoft за паметните телефони функционира и со послаби процесори, односно помалку рам меморија, Lumia телефоните се чини се најисплатливите за купувачите кои бараат солиден телефон по многу ниска цена.

Најновите два модели во понудата на Microsoft, Lumia 640 и 640 XL, се чини ги нудат сите потребни компоненти за уживањето во флуидниот Windows Phone 8.1 да го однесат на едно ниво повисоко во однос на претходникот, Lumia 635. За таа цел е искористен истиот Snapdragon 400 процесор со четири јадра и брзина од 1.2 GHz, но дуплирана е меморијата на 1 GB рам, што треба да овозможи многу побрз мултитаскинг. Се чини единствен послаб дел е графиката, Adreno 305, која нема да ги задоволи гејмерите на 3D игри. Сепак, за секојдневна работа со оперативниот систем и основните апликации, во Windows Phone овие компоненти нудат и повеќе од мазно и брзо искуство.

lumia-640-640x503

Двата модели се разликуваат по големината, но и по неколку други детали. Lumia 640 е директен наследник на Lumia 635 и има 5 инчен HD екран со резолуција од 1280х720 пиксели, за зачестеност на пикселите од 294 ppi, што скоро и да влегува во класата на “Retina” дисплеј. Задната камера има 8 мегапиксели и можност за снимање на Full HD видео, додека предната, селфи камера има 1 мегапиксел. Сето ова ќе го придвижува релативно голема батерија за класата од 2500 mAh.

Lumia 640 XL е всушност наследник на Lumia 1320. Има поголем, 5.7 инчен екран со HD резолуција за зачестеност на пикселите од 259 ppi, но и камера со 13 мегапиксели и Carl Zeiss оптика, која треба да овозможи многу поостри фотографии. И поголемиот модел има можност за снимање Full HD видео, а има и предна камера од 5 мегапиксели со ултра широка леќа со можност за Full HD видео, за многу подобри селфи фотографии, но и селфи видеа. 640 XL ќе биде опремен со голема батерија од 3000 mAh, која треба да овозможи два дена користење.

IMG_4209-lumia-640-hands-on-1-980x653

И двата модели ги краси многу потенка шасија во однос на претходниците од Nokia, со дебелина од само 9 милиметри. Изработени се од квалитетна пластика, која доаѓа во повеќе бои, а задниот поклопец може лесно да се смени со друга боја. Исто така, нешто што станува реткост кај паметните телефони, и батериите се лесно променливи, а го има и стандардниот слот за micro SD картичка, со кој лесно може да се прошират достапните 8 GB простор за складирање податоци. Исто така, за прв пат во телефоните од пониската категорија на Lumia, понудени ќе бидат и подобрувањата на Lumia Camera како на пример Rich Capture.

Покрај сите хардверски подобрувања, новите два модели доаѓаат и со одлична, бесплатна понуда за Office 365 за една година, која вклучува лиценца за една година за Microsoft Office (може да се искористи дури и за тој во вашиот компјутер), 60 минути Skype разговори месечно (кон цел свет) и се чини најважно, 1 TB онлајн простор за складирање податоци на One Drive.

IMG_4210-lumia-640-back-980x653

Целосната Office 365 понуда, доколку се купи посебно, чини скоро половина од цената на двата паметни телефони, а таа изнесува 140/160 евра (3G/4G) за 640, односно 190/220 евра (3G/4G) за 640 XL. Цени на кои може да позавидат многу модели од Android сегментот и кои го зацврстуваат местото на Windows Phone како оперативен систем кој нуди високи перформанси по ниска цена.

И се чини најважно од се, и двата модели ќе добијат Windows 10 update кога ќе биде достапен!

Извор: GSM Arena, Lumia Conversations, Ars Technica

Претходна статијаQualcomm најави нов вид на ултразвучен скенер за отпечатоци кој може да скенира низ тврди материјали
Следна статијаIntel го напаѓа Qualcomm во мобилната телефонија со нова Х серија на процесори