meizu3

Последните два нови натпреварувачи во високата класа се во знакот на бројот „10“. Оној на HTC го носи името 10, додека овој на Meizu има процесор со 10 јадра и мега блиц со 10 LED диоди.

Името нека не ве залажува – Pro 6 нема 6 инчен, туку 5,2 инчен дисплеј со Full HD резолуција, што е помалку од конкуренцијата, но барем панелот е Super AMOLED, што ќе овозможи одличен контраст и живи бои. Во внатрешноста е вградена гордоста на кинескиот производител на чипови MediaTek, односно најновиот Helio X25 кој има дури 10 јадра! Тука е помогнат од 4 GB рам меморија, што е прилично стандардно во класата, како и 32/64 GB простор за податоци.

meizu-pro-6-front-back

Камерата е одлична – има 21 мегапиксел и сензорот е на Sony, што значи дека може да очекуваме прилично квалитетни фотографии. Најголем адут на камерата е сепак блицот, кој е поставен околу ласерот за фокусирање и кој има 10 LED диоди! Предната камера пак има 5 мегапиксели и одлична f2.0 бленда за подобри ноќни фотографии. Батеријата сепак има само 2.560 mAh, што може да се покаже како голем недостаток.

meizu2

Однадвор, дизајнот е многу сличен на iPhone, со таа разлика што линиите за антената се малку заоблени, а од Meizu велат и дека имаат употребено многу помалку пластика и дека ова е „нај“ алуминиумскиот телефон на пазарот. Од iPhone најверојатно е ископиран и 3D Press системот, кој препознава различни притисоци на притискање на дисплејот и е пандан на 3D Touch. Нормално, Meizu Pro 6 има читач за отпечатоци на прстите, овој пат вграден во страничното копче.

meizu-pro-6-3d-press

Meizu сепак има и неколку свои адути, како на пример посебниот засилувач за звук со аналоген конвертер  Cirrus Logic CS43L36 DAC, кој треба да овозможи поквалитетен звук кога ќе слушате на големи слушалки, како и mSound системот кој ја намалува дисторзијата на вградениот звучник на телефонот. Во превод, аудиофилите ќе бидат целосно задоволни.

meizu-pro-6

Како и досега, новиот модел Meizu ќе биде значително поевтин од конкуренцијата – моделот со 32 GB простор ќе чини 390 долари, додека оној со 64 GB ќе чини 430 долари.

Извор: The Verge, Engadget, DPReview

Претходна статијаKindle Oasis е најдобриот уред за читање на електронски книги досега
Следна статијаКако да направите локален бекап на вашите омилени страни на интернет прелистувачите