Фото: The Light Phone

The Light Phone, телефонот кој првпат беше претставен уште пред 9 години, сега ја добива својата трета верзија, пет години по втората. Главната цел на овој телефон е да на корисниците им понуди што помалку од функциите кои се достапни кај смартфоните, а со тоа да им го заштити вниманието кое во денешно време е насочено кон друштвените мрежи, известувањата од нив и слично. 

Може да се каже дека The Light Phone е модерна верзија на старите телефони кои ги нудеа скоро истите функции, односно можност за правење повици и испраќање пораки и толку.

Претходните две верзии од телефонот доаѓаа со „e ink“ екран, но сепак овој вид на екран не е баш погоден за секојдневно користење, односно во главно е погоден за читање и слично. 

Затоа The Light Phone 3 доаѓа со неколку подобрувања кои ќе направат да телефонот може да биде вистинска замена за смартфоните за корисниците кои сакаат да ја направат промената. 

„Откако почнавме да произведуваме телефони во 2014 година, нашата мисија беше да им ја вратиме на луѓето најскапоцената работа – вниманието. Секој Light Pone е подобро дефиниран со нештата што не се од карактеристиките со кои всушност доаѓа. Немање интернет, социјални медиуми, вести, е-пошта или било какви „click bait“ работи воопшто“ – истакнуваат од The Light Phone.

Третата верзија од телефонот доаѓа со црно бел OLED екран со големина од 3,92 инчи. Со овој екран корисниците ја задржуваат едноставноста и целта на телефонот, но со функционалност која не заостанува во брзината. 

Телефонот овој пат доаѓа и со камери на двете страни, а од компанијата најавуваат дека во иднина може да ја додадат можноста за видео повици. Истото важи и за NFC чипот кој во иднина може да се користи за плаќање.

Се гледа дека од компанијата не планираат да вадат нова верзија често, па гледаат нивниот телефон да може да „издржи“ повеќе година, а тука е и батеријата која може да се замени да го овозможи тоа.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2The Light Phone
Претходна статијаYahoo ги вгради функциите од Artifact во нивната Yahoo News апликација
Следна статијаЛинијата телевизори и soundbar-звучници на Samsung за 2024 година засилени со вештачка интелигенција ги импресионира рецензентите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.