LG на крајот од наредниот месец ќе има нов натпреварувач во високата класа, кој по се што знаеме досега ќе има многу повеќе адути во борбата против конкурентите на смартфон сцената од моделот G6. Сега LG дефинитивно потврди дека телефонот ќе биде претставен на 31 септември, а воедно и најави квалитетна камера.

Да, тие не кажуваат директно дека ова ќе биде најдобрата камера од сите смартфони, како што претходно правеа некои други производители, но „Светло, Камера, Акција“ во најавата за телефонот е доволно да се покаже кој бил фокусот на инженерите.

Задната камера инаку ќе биде двојна, со една поширока леќа, а очекувајте и супериорни видео перформанси – оттаму и „Акција“ во најавата. LG најави и дека главната камера ќе има f/1.6 бленда, што е најдобра вредност од сите смартфони досега и која сигурно ќе овозможи подобрен квалитет на фотографиите навечер, но и подобрен квалитет на самото стакло.

Ова ќе биде и првиот смартфон на компанијата со OLED дисплеј, што воедно и најавува почеток на производството на вакви екрани на вториот по големина корејски производител, што би можело да биде голема работа на смартфон сцената. Дисплејот ќе има сооднос на страните од 18:9 и многу мала рамка, исто како кај G6, но за разлика од претходниците V10 и V20, овој модел нема да има втор (односно продолжен) дисплеј во горниот дел.

Како и да е, според најавата на LG, може да очекуваме дека нивниот натпреварувач ќе биде интересен смартфон кој ќе биде солидна опција за сите оние кои не сакаат да бидат „ин“ и да изберат меѓу Galaxy или iPhone. Во меѓувреме, очекувајте и да ги дознаеме сите спецификации, како и дизајнот на телефонот, нормално преку протекувања на интернет мрежата.

Извор: PhoneDog, Android Authority, The Verge

Претходна статијаПрви фотографии од импресивниот Galaxy Note 8
Следна статијаPanasonic развива вештачка интелигенција која нема да дозволи да заспиете во автомобилот