Цените на смартфоните продолжуваат да растат со забрзано темпо. Во играта на луксузни смартфони влегува и LG, кој лансира „подобрена“ верзија на нивниот V30 знаменосец изработена од керамика, што е една од главните причини за енормно високата цена од 1.800 долари во Јужна Кореја, каде веројатно овој модел ќе може единствено да се најде.

Неговите спецификации инаку се (скоро) целосно подеднакви во однос на V30 – Snapdragon 835 процесор, 6 GB рам, 256 GB простор со можност за проширување преку micro SD картичка, 6 инчен OLED дисплеј со резолуција од 2880х1440 пиксели и минимална рамка, двојна задна камера со една стандардна леќа со сензор од 16 мегапиксели и f/1.6 бленда и една супер широка леќа со 13 мегапиксели, предна широка камера со 5 мегапиксели, Hi-Fi 32-битен “Bang&Olufsen” аудио засилувач со 3,5 mm излез и батерија од 3.300 mAh. LG Signature Edition доаѓа и со Android Oreo, а исто така е и водоотпорен со IP68 рејтинг.

Тогаш, зошто цената е двојно повисока во однос на V30? Крив за ова е само материјалот од кој е изработен телефонот, поточно „циркониум керамика“, за кој од LG велат дека е многу тврда и не може да се изгребе, односно во тој поглед е потрајна од стаклото кај V30. Сепак, тие не кажуваат ништо за кршливоста ако падне телефонот, но и не треба да ни кажуваат, бидејќи ние веќе знаеме дека керамиката е екстремно кршлива и дека освен ако не сте најпретпазлив корисник на светот, на супер скапата керамика ќе треба да ставите футрола. Е сега, би платиле 1.800 долари за телефон на кој ќе носите футрола? Не? Нормално, ни јас не би платил.

Извор: Phone Dog, Tech PP, Phone Radar

Претходна статијаHuawei Nova 2s има спецификации од високата, цена од средната класа
Следна статијаMicrosoft со нов патент за смартфон со двоен дисплеј и оптички напредна камера