Кога се работи за телефоните од највисоката класа, веќе со години никој може да им се приближи на трите најголеми производители во светот. Тоа остава да корисниците имаат нешто помал избор за купување, иако уредите од овие производители има зошто го држат тоа место на пазарот.

Сепак, ова не е случајот со телефоните од средната и ниската класа, па изборот е дури и преголем, а корисниците можат да изберат од повеќе десетици модели од повеќе производители.

LG оваа недела ја претстави новата генерација од својата К серија во која се вклучени три нови модели на телефони. За имињата на телефоните нема да коментираме, а LG не се првите кои се „имаат заборавено“ при нивното измислување.

LG K61, K51S и K41S се трите нови модели од компанијата кои треба да дојдат со прилично прифатлива цена доколку се земат во предвид претходните модели.

Најдобриот од трите модели доаѓа со акцент ставен на камерите кои се четири на број на задната страна. Главниот сензор е со 48 мегапиксели, а тука се и сензорот со супер широк агол за сликање и 8 мегапиксели, 2 мегапиксели и сензор за длабочина на сликата со 5 мегапиксели.

Со ова LG им овозможува на корисниците од пониските класи да имаат уред со можност за правење на одлични слики, иако тоа во денешно време во голем дел зависи и од софтверот зад тие камери.

На предната страна во мали дупки се поставени по една камера кај трите модели со 16, 13 и 8 мегапиксели соодветно.

Телефоните доаѓаат со осум јадрени процесори кои работат на 2,3 GHz, додека кај K41S истиот работи на 2.0 GHZ. RAM меморијата е со 4GB кај K61, додека кај K51S и K41S е со 3GB.

LG сепак не се одлучи да ги објави цените на овие уреди веднаш, па тоа останува да се дознае кога истите ќе почнат да се продаваат.

ИЗВОРLG
ИЗВОР 2Engadget
  • ОЗНАКИ
  • LG
Претходна статијаМакедонски Телеком со зголемена добивка во 2019 и раст во сите сегменти
Следна статијаMилениците се добрeдојдени во салонот на телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.