Полека го гледаме почетокот на наредната „револуција“ кај мобилните телефони или можеби може да се нарече само нормална еволуција. Како и да е, смартфоните почнуваат да имаат по повеќе екрани или поголем екран кој се превиткува. Со ова се добива уред кој е во сличен формат со обичен смартфон, но може да се „претвори“ во нешто повеќе.

LG, кои веќе на пазарот имаат модели кои овозможуваат поврзување на уште еден екран, добивајќи со тоа уред со двоен екран, на 14-ти септември ќе претстават повторно уникатен уред, барем во времето кога го претставуваат.

Од компанијата веќе ја потврдија датата преку видео од кое се гледа дека неофицијалните информации се точни, како и името на новиот LG Wing.

Името е добро избрано да одговара со тоа што ќе може да го прави овој уред. Поточно, LG Wing ќе има два екрани, но овој пат тие ќе бидат поставени еден врз друг и насочени на иста страна. Горниот екран ќе биде доста потенок и ќе се врти, наместо да се отвара, а со тоа уредот ќе добие форма на буквата „Т“.

Веќе можевме да видиме неофицијално видео од кое се гледа каква предност би имале корисниците со еден ваков уред, а во ова видео (во продолжение) се гледа како корисникот вози и на едниот екран има навигација, додека на тој што е свртен му се прикажуваат дополнителни информации, како и телефонскиот повик кој го добива.

Ново видео, (во продолжение) го прикажува горниот екран и се гледа колку тој ќе биде тенок. Со тоа LG Wing кога е затворен ќе биде со прилично стандардна дебелина како за уред со два екрани, па корисниците нема да имаат впечаток дека користат некој нестандарден телефон.

LG Wing ќе биде претставен на 14-ти септември со почеток на настанот во 15:00 часот по македонско време. Баш не интересира што се имаат смислено од LG на софтверската страна за да може да се искористи овој нов и нестандарден формат на мобилен телефон.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЦаровска и Деспотовски ги презентираа иновативните ваучери – ФИТР воведува нова поддршка за компаниите и универзитетите
Следна статијаHuawei Share ги соединува вашите Huawei смартфон и лаптоп компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.