LG_G_Pad_series_500

Од LG најавија дека, на MedPI 2014 настанот кој што ќе се одржи во Monaco од 13 – 16 Мај, ќе претстават нова линија на таблет компјутери која што треба да привлече поголем број на корисници. Како што тие кажуваат, таблет компјутерите не може да работат по принципот на „една големина за сите“, па поради тоа ќе претстават три големини, односно 7, 8 и 10,1 инчни уреди. LG имаше добар успех со својот 8,3 инчен таблет компјутер, меѓутоа решија да ја напуштат таа големина и да претстават повеќе големини.

Повеќе информации за овие уреди ќе бидат прикажани на настанот на кој што треба да бидат официјално претставени. Она што сега е дадено како информација, покрај големината на трите уреди е и присуството на некои од софтверските решенија на LG од нивните мобилни телефони. Па така, овие уреди ќе ги вклучуваат QPair 2.0 и Knock Code.

QPair е функција преку која што корисниците може да ги поврзат таблет компјутерот и мобилниот телефон и со тоа да ги добиваат сите нотификации за повици и пораки од нивниот телефон на таблетот. Исто така со новата верзија корисниците ќе може директно од таблет компјутерот да одговараат на добиените нотификации. Knock Code е функција која што ви овозможува да го отклучите уредот со притискање на заклучениот екран. Оваа функција овозможува да креирате сопствена шема на притискања која што е ограничена до 8 притискање со што се овозможени до 80.000 комбинации.

Повеќе информации за уредите, односно нивните карактеристики и цена ќе може да дознаете во наредните денови.

Извор: LG

Претходна статијаKnightscope робот кој спречува криминал
Следна статијаЗаспивајте полесно со Drift Light сијалицата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.