На крајот од минатата недела Lenovo пушти слики, како најава за нивниот најнов уред, Z5. Од сликите се гледаше мал дел од уред кој изгледаше дека нема воопшто рамки околу екранот, односно минимално, а уште поважно, уредот изгледаше дека нема исечок на горната страна.

Од The Verge излегоа со информација дека Lenovo планира да го претстави овој нивни уред на 5-ти јуни. Информацијата се покажа како точна, па денес го имаме официјално Lenovo Z5.

Она што прво привлекува внимание кога ќе се види уредот е исечокот на горната страна од екранот. Ова е нешто што нели не требаше да го има, па на изненадување некако излегува дека најавите не беа баш точни.

Сепак, на страна од сликата при најавата и нашите очекувања, Lenovo Z5 сепак има еден од најдобрите соодноси на екран спрема „телото“ од уредот, па така екранот претставува дури 90% од предниот дел на телефонот.

Исечокот не е толку голем, а и од компанијата истакнаа дека е помал од тој на iPhone X, како и тој на ново претставениот Xiaomi Mi 8. Исто така, рамката на долниот дел од екранот е прилично мала, па телефонот слободно може да се каже дека има една од најмалите рамки на пазарот.

Што се однесува до карактеристиките на Lenovo Z5, тој доаѓа со 6,2 инчен IPS екран со Full HD резолуција. Работи на осум јадрен процесор од Qualcomm, а има избор од варијанти со 6 GB RAM и 64 GB простор за податоци, како и 6 GB RAM и 128 GB простор за податоци.

Lenovo Z5 исто така доаѓа со двојна задна камера со по 16 мегапиксели, 3.300 mAh капацитет на батеријата, како и брзо полнење.

Цената на телефонот ќе изнесува околу 200 долари за варијантата со 64 GB простор, односно околу 280 долари за варијантата со 128 GB простор.

Кога ќе се земе во предвид цената, мислам дека слободно може да им се прости на Lenovo што ни оставија впечаток дека ќе претстават уред без рамки околу екранот, но сепак во иднина би било добро да не привлекуваат внимание на ваков начин.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаСе доделуваат стипендии за Cisco и Microsoft летните ИТ школи
Следна статија[СТАВ] Дали претеруваме со користење на зборот иновација?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.