Изгледа дека два кинески производители ќе се натпреваруваат во тоа кој ќе биде првиот од нив кој ќе го претстави првиот телефон без воопшто рамка околу екранот, како и без исечок на горниот дел.

Vivo пред некој ден почна да го промовира нивниот Apex, моментално само концепт телефон, кој според некои информации треба да биде официјално претставен на 12-ти јуни.

Од Lenovo преку кинескиот Weibo најавија дека тие ќе го претстават Z5 на 5-ти јуни, а со најавата објавија и слики од кои може само да се види дека се работи за уред без рамки околу екранот.

Ако едно може да заклучиме од сите претставени или најавени модели од оваа година е дека паметните телефони одат во правец на целосен екран, односно без рамка околу него, што барем од естетски аспект, изгледа одлично.

Кинеските производители како Lenovo изгледа ќе бидат меѓу првите кои ќе го унапредат започнатиот тренд, па може само да замислиме што се ќе видиме до идната година.

ИЗВОРPhoneDog
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSamsung Galaxy S10 ќе дојде со сензор за отпечатоци под екранот?
Следна статијаНамерни или ненамерни грешки – причини за сообраќајни незгоди кај младите возачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.