Откако Lenovo ја презема Motorola, главниот фокус на паметните телефони на овој производител беше модуларноста. Сепак, тие наскоро планираат нов Moto X смартфон, кој нема да биде модуларен, но независно од тоа, ќе биде прилично интересен избор во средната класа, благодарение на интересниот спој на карактеристики.

Имено, иако дизајнот назад потсетува на Moto Z, особено со кружниот модул за камерата, вградувањето на модули нема да е можно бидејќи нема контакти во долниот дел со кој би се остварила врската меѓу смартфонот и модулот. Затоа пак под камерата е вградена карактеристичната вдлабнатина за последниот Moto X модел, која е одлично место за сместување на показалецот. Исто така, изработката очигледно е од алуминиум, што е одлична вест.

Од сликите се гледа и дека задната камера ќе биде двојна, додека на предната ќе има блиц, нешто што Motorola го прави веќе подолго време. Според протечените информации, процесорот ќе биде Snapdragon 635, помогнат од солидни 3 GB рам меморија и 32 GB простор. Останатите спецификации не се познати, но очекувајте дисплеј со големина од околу 5,5 инчи и Full HD резолуција.

Moto X ќе биде еден од 6 различни модели под Motorola брендот кои треба да бидат претставени оваа година, од кои два сигурно ќе бидат наследниците на Moto Z и Moto G. Ова е одлична вест за фановите на овој бренд, кои очекуваа да биде згасната од страна на Lenovo, но очигледно кинезите имаат поголеми амбиции со него.

Извор: IBT, Neowin, CNET

Претходна статијаНезаборавни моменти го отсликаа Nike Air Max Day
Следна статијаIntel ги претстави новите Xeon E3-1200 v6 чипови базирани на Kaby Lake