Screenshot_234

За оние кои ја пропуштија информацијата, Lenovo е новиот сопственик на Motorola и новите Moto G4 паметни телефони ќе ги продаваат под своето име. Се работи за наследници на едни од најпопуларните смартфони во средната класа, кои овој пат добиваат многу помоќни перформанси, поголеми и подобри дисплеи, но и понатаму се компетитивни со кинеските производители во поглед на цената.

Двата телефони имаат многу слични спецификации и главната разлика е во камерите – G4 има задна камера со 13 мегапиксели, додека G4 Plus има камера со 16 мегапиксели и тоа квалитетниот OmniVision PureCell Plus сензор и f2.0 бленда. Двата телефони можат да снимаат Full HD видео и имаат предни камери со 5 мегапиксели.

Покрај сите горе набројани разлики, само G4 Plus моделот има читач за отпечатоци на прстите, кој има навистина чуден коцкест дизајн и е поставен во предниот дел.

Moto-G4

G4 и G4 Plus доаѓаат со солиден 5,5 инчен Full HD дисплеј и прилично моќен Snapdragon 617 чип со осум Cortex-A53 јадра на 1,5 GHz и Adreno 405 графика, што е комбинација која би требала да ги задоволи поголемиот број на купувачи, особено ако се стави цената во целата равенка.

Рам меморијата и просторот зависат од моделот – G4 ќе се нуди исклучиво со 2 GB рам и 16, односно 32 GB простор, додека G4 Plus ќе има изведби со 2 GB рам и 16 GB простор, 3 GB рам и 32 GB простор и 4 GB рам и 64 GB простор.

Батеријата и кај двата моделите има капацитет од 3.000 mAh, што би требало да е доволно, особено со оглед на тоа што ќе доаѓаат со чист Android Marshmallow, без дополнителни скинови.

gsmarena_00001

Најголем адут на новите модели на Lenovo ќе биде цената – во Британија G4 ќе чини 169 фунти, додека G4 Plus ќе чини 199 фунти, иако цената би можела да биде пониска во другите земји, а според најавите, треба да бидат достапни во скоро сите земји во светот, со поддршка за сите оператори.

Иако цената делува импресивно, во моментов кинеските конкуренти веќе имаат исто толку евтини натпреварувачи, кои покрај солидните перформанси нудат и реално поубав дизајн, со повеќе употреба на алуминиум или стакло – Moto G4 и G4 Plus се изработени од пластика и дури и делуваат евтино. Барем на фотографии… Сламка на спасот е секако Moto Maker, односно можноста купувачот да го персонализира својот телефон во различни комбинации на бои, нешто што не е достапно кај скоро ниту еден друг производител.

Screenshot_256

Извор: The Verge, GSMArena, Motorola

Претходна статијаMicrosoft го продаде остатокот од Nokia на подружница на Foxconn
Следна статијаNokia најави враќање на смартфони и таблет компјутери со нивниот бренд