moto-x-style-2-640x355

Motorola слободно може да се каже дека е едно од најпознатите имиња во мобилната индустрија. Пред појавата на другите брендови, Motorola телефоните беа првите коишто ја најавија ерата на мобилната комуникација, нешто што денес е нормален начин на комуникација, посебно за помладите генерации.

Делот во којшто се развиваа мобилните телефони прво беше купен од страна на Google во 2012 година, по што ова име повторно почна да станува фактор на пазарот за мобилни телефони. Во 2014 година Google ја продава Motorola на кинескиот Lenovo каде што телефоните продолжуваат да бидат паралелно развивани со тие на компанијата.

Меѓутоа, иако од Lenovo изјавуваа дека двата брендови ќе продолжат независно да функционираат, тие сепак ќе направат одредено спојување. Името Motorola, освен на името на правното лице во рамките на Lenovo, веќе нема да се користи кај мобилните телефони.

Moto by Lenovo ќе биде единственото име коешто ќе остане од овој стар и познат бренд, а ќе се користи во моделите од повисоката класа.

Телефоните од компанијата коишто ќе бидат од пониските класи, ќе се продаваат под нивниот Vibe бренд.

Исто така, познатото M лого ќе остане на Moto телефоните, па корисниците ќе можат и по тоа да ги препознаваат производите од оваа компанија.

Престанокот на користењето на Motorola брендот нема да се случи веднаш. Процесот ќе биде постепен, а ќе се случува во текот на оваа година. Повеќе информации ќе може да добиеме во периодот што следи.

Извор: Cnet, Engadget, TNW

Претходна статијаMaingear лансира нов „се во едно“ гејмерски компјутер со ултра моќни десктоп компоненти
Следна статијаToshiba dynaPad е супер тенок и евтин Windows 10 таблет/лаптоп
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.