smart-glow-1-800x420

Последниве неколку години, производителите на паметни телефони ги укинаа малите LED диоди кои светкаа во различни бои зависно од тоа каква нотификација ни стигнала. Да, има модели кои имаат вакви диоди, но во повеќето ги нема, што е навистина срамно, бидејќи се работи за навистина корисна опција.

Samsung веројатно го знае тоа и уште во Galaxy J2 (кој ќе пристигне во Индија наскоро) ќе вгради LED рамка околу камерата која ќе светка кога ќе стигнат нотификации и која ќе се вика “Smart Glow”.

Ова значи дека конечно нема да мора да го пуштиме екранот на телефонот за да видиме колку ни е наполнета батеријата или пак дали ни стигнал некој важен мејл, а сепак се работело само за лајк на сликата на Instagram. LED рамката кај Samsung ќе свети во различни бои зависно од тоа од која апликација е нотификацијата, што значи дека сега нема да мора да го отклучувате телефонот на секој лајк на Instagram. И ќе знаете кога е наполнета батеријата само кога ќе ги погледнете оддалеку.

LED рамката кај Galaxy J2 ќе има и неколку напредни опции. На пример, доколку сликате селфи со задната камера, бидејќи (скоро) редовно е поквалитетна од предната, рамката ќе светне во сина боја кога вашето лице е убаво опфатено во кадарот и после 2 секунди автоматски ќе ја фотографира сликата.

Оваа LED рамка за нотификации во почеток ќе се вградува само во Galaxy J2 моделот на Samsung, но искрено се надевам дека местото ќе го најде и кај уредите од повисоките класи, како на пример новиот Galaxy Note 7, кој треба да пристигне на крајот од август.

Извор: PCMag, Engadget, SlashGear

Претходна статијаПаѓањето во црна дупка не мора да резултира со уништување
Следна статијаLG претстави четири нови паметни телефони од “X” серијата