kodak-teaser-630x419

Еден од производителите со најбогата историја во фотографијата е секако Kodak. Сепак, денес компанијата се мачи со пробивање на пазарот, односно тие скоро и да немаат учество кај професионалните фотоапарати.

Затоа се обидуваат на смартфон сцената, каде треба да лансираат нов модел, кој според тоа што може да го видиме на првата фотографија која ја објавија, ќе биде насочен токму кон оние кои сакаат максимално добра камера на својот паметен телефон.

Информациите кои се објавени на фотографијата се прилично минимални – го знаеме само датумот кога ќе биде претставен телефонот. Но, многу важен детал е копчето за фотографирање, кое недостасува кај скоро секој модел од високата класа денес и кое најавува високи фотографски перформанси.

Се уште нема информации за тоа каква камера би вградил Kodak во овој телефон, но претпоставувам дека ќе биде од високата класа, односно ќе има поголем сензор и леќа со прилично широка бленда. Барем таков впечаток остава изработката од алуминиум…

Телефонот сигурно ќе биде со Android и ако одиме според IM5 телефонот на Kodak претставен пред две години, големо внимание ќе биде посветено на самата апликација за фотографирање, која има многу повеќе мануелни контроли од оние на конкурентите.

Искрено, верувам дека Kodak овој пат ќе направи нешто вистински интересно, а не само некој стандарден модул за камера кој го употребуваат другите производители. За вистински импакт ќе треба вистински да го употребат она што го имаат научено преку децениите искуство на производство на фотографска опрема, а не да употребуваат веќе постоечка технологија. Едно е сигурно – се ќе се расветли за две недели отсега.

Извор: Tech Crunch, Android Community, Techno Buffalo

Претходна статијаКако до супер функционална чет апликација за 2 часа
Следна статијаGoogle претстави нов фонт кој треба да работи со сите јазици