Оваа година телефоните на преклоп, поточно тие кои се превиткуваат по хоризонталната линија, се очекува дека ќе го променат малку стилот и ќе вклучат доста поголем надворешен екран.

Вакви се шпекулациите и за Galaxy Z Flip5 кој треба да дојде со надворешен екран доста поголем од досегашниот. Ова би овозможило да екранот се користи за доста повеќе функции од сега достапните кои беа ограничени од доста малиот екран.

Од најновата слика, објавена од Ice universe, се гледа дека надворешниот екран ќе го зафати скоро целиот простор на таа половина од телефонот. Единствено што ќе остане се камерите, а остатокот практично ќе биде екран.

Ова ќе овозможи корисниците многу подобро да ги користат камерите за „селфи“, но уште поважно ќе можат да додаваат поголеми виџети од кои ќе добиваат повеќе информации, кои исто така се полесно видливи.

Сликата прави споредба со сегашниот екран, па може да се види дека разликата е огромна.

Претставувањето на Galaxy Z Flip5 сега се очекува за крајот на јули, нешто порано од обично, па ќе видиме дали шпекулациите ќе се остварат.

Дополнително, Ice universe најавува дека овој екран ќе биде со големина од 3,4 инчи и резолуција од 720 на 748 пиксели, со што ќе се добие и нивна густина од 305 ppi.

Претходна статијаMozilla влегува во друштвените мрежи и верува дека ќе ги подобри со уште поголемо модерирање на објавите
Следна статијаGoogle го најави Pixel Fold
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.