Како ќе изгледа работата на Surface Duo, Android телефонот од Microsoft со двоен екран

Алатката за развој на софтвер која стана достапна во тест верзија, ни дава точен поглед за што може да се очекува од работата на еден ваков уред

Microsoft вчера ја претстави првата алатка за развој на софтвер, во тест верзија, за Surface Duo, најавениот Android телефон од компанијата со двоен екран, кој треба да почне да се продава до крајот на годината.

Оваа алатка треба да им овозможи на програмерите да ги прилагодат нивните апликации, но и да развијат нови, соодветно на можностите на Surface Duo. Програмерите ќе може да видат што се им нуди еден уред со двоен екран, а додека овој уред биде официјално претставен, нас токму тоа не интересира, како би изгледала работата со апликациите.

Алатка за развивање на софтвер обично доаѓа со емулатор којшто овозможува апликациите да се види како функционираат на виртуелен уред, наместо истата да се инсталира на вистински уред. Ова овозможува да се добие претстава како би изгледала работата на еден ваков уред, а дечките од Windows Central истото одлично го прикажуваат на видеото кое е на почетокот од статијата.

Уште сега може да се види дека уредите со двоен екран ќе овозможат одредено уникатно искуство при работата кое со право од Microsoft истакнуваат дека ќе овозможи поголема ефикасност при работа.

Останува само да видиме дали екраните кои се превиткуваат ќе бидат доволно средени и развиени пред претставувањето на уредите од Microsoft со двоен екран, нешто што може да ги направи не доволно популарни.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаSamsung Galaxy S20 Ultra 5G ќе дојде со 100x Space Zoom за досега најголемо зумирање некогаш достапно на мобилен
Следна статијаApple ќе овозможи исклучување на чипот во iPhone 11 поради кој телефонот ја следи локацијата без знаење на корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.