Фото на Wilfried Pohnke од Pixabay

Иако редовното миење на рацете и генерално одржување на хигиена е препорачливо секогаш, ова посебно доаѓа до израз кога има некаква епидемија на светско ниво. Најчестите препораки сега кога коронавирусот КОВИД-19 има шанса повеќе да се прошири, меѓу другите, е редовно миење на рацете и тоа околу 20тина секунди.

Сепак, останува прашањето што со мобилните телефони кои ги носиме секаде со нас и кои ги користиме, односно допираме кога сме надвор. Телефоните веќе се познати како едни од највалканите работи кои ги имаме, па сега сигурно би се замислиле што со нив.

Обично не се препорачува чистење на телефонот со било какво средство, а дури не се препорачува да се користат и влажните марамчиња поради ризик да се оштети заштитниот слој на екранот.

Сепак, за оштета на екранот е потребно многу често чистење подолг период, па со оглед на коронавирусот, од Apple ги променија своите препораки, па на нивната страна стои дека уредите може да се чистат со влажните марамчиња.

На нивната страна стои дека може да се користи марамчиња со 70% изопропил алкохол. Истите треба нежно да се користат и да не се поминуваат деловите од уредот кои имаат електроника или пристап до истата.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаWizz Air ги суспендира сите летови до Италија како одговор на рестриктивните мерки на владата на Италија
Следна статијаБиогоривата загадуваат за 60 проценти помалку од фосилните горива
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.