Фото: AP/Alan Diaz

Властите во САД успеаја да го отклучат веќе познатиот iPhone, меѓутоа тие не кажаа како тоа го имаат направено. За Apple оваа информација е важна поради можноста да се затвори искористениот пропуст во софтверот и енкрипцијата.

Иако се смета за скоро сигурно дека отклучувањето е направено со помош на израелската компанијата Cellebrite, одредени информации кажуваат дека наводно FBI имаат платено хакери да го направат истото.

Со вторите информации не се сложува познатиот Џон Мекафи и тој тврди дека отклучувањето е направено со помош на Cellebrite, поточно со нивната алатка UFED Touch.

Според Мекафи не е можно хакерското подземје да има повеќе информации и ресурси од вакви компании кои располагаат со милионски буџети. Според информациите властите во САД веќе одамна соработуваат со Cellebrite и тие веќе имаат потрошено милиони долари за нивните алатки и методи.

Според одредени информации, Apple биле тие кои го отклучиле телефонот, меѓутоа и оваа информација ја смета за неточна Мекафи.

Тој сепак не истакнува зошто е толку сигурен во неговите тврдења, односно дали има одредени извори на информации и слично.

Инаку, според информациите, FBI не нашле ништо посебно на телефонот по неговото отклучување. Сепак, за властите поважно било поставувањето на преседан во соработката со Apple, отколку добивањето на некакви информации.

Мекафи исто така се понуди тој да го отклучи iPhone-от пред неговото успешно отклучување.

Извор: Forbes, MacRumors

Претходна статијаВашиот iPhone има „век на траење“ од три години
Следна статијаВо овој век можеби ќе го посетиме системот Алфа Кентаур
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.