20161014_000201

Настанот започна во 23:15 часот со незаменливите Сашко Коцев и Гораст Цветковски, кои ја разбуавија, дополнително, вечерта на посетителите. Фотографите Ана и Дими, исто така земаа учество, со своето долгогодишно и професионално искуство во фотографијата, кои ги презентираа првите направени фотогравии и видео со најновиот модел на iPhone 7 plus, кој сега може да се пофали со две камери кои сликаат како една.

Преднарачките на iPhone 7 кои беа направни во претходните 7 дена, се најдоа во вистинските раце, кај нестрплвите сопственици, кои заедно со Гораст одбројуваа до моментот кога стрелките на часовникот се споија и портите на АЈ Стаил, беа отворени.

20161014_000843

Услужливиот и стручен тим на Ај Стаил, беше тука, да им помогне на новите сопственици да си ги префрлат податоците, да направат бек ап или пак да го сетираат својот нов телефон.

Радост, среќни и насмеани лица е она што може да биде каректиристика за овој настан, кој е прв од ваков тип, презентација точно на полноќ.

Кој не успеа да присуствува, може веќе од денес 14.10.2016 да го посети Ајстаил и да ги разгледа моделите на најбараниот смартфон во светот.

Претходна статијаBMW вака го замислува мотоциклот во наредните 100 години
Следна статијаIntel лансира супер брз дрон за индустриски цели