Она “smart”, односно паметното кај паметните телефони, се чини одзема дел и од нашиот памет. Ова барем го тврди ново истражување на психологот Др. Хубер од Универзитетот на Тексас во Остин.

Неговото резонирање е прилично едноставно – додека ние гледаме во нашите смартфони, по принцип на Павлов рефлекс, нашиот мозок исклучува одредени делови, бидејќи тие во моментот и не се потребни. Причината за ова е што нашиот организам секогаш се обидува да ги сочува ресурсите, односно да потроши најмалку енергија за работата која ја прави.

Истражувањето инаку било направено на група на луѓе, кои полагале некој тест со телефонот до нив и без телефонот до нив, со пет минути пауза меѓу тестовите. Очекувано, додека го имале телефонот со нив, луѓето имале послаби резултати на тестовите.

Да, ова потврдува дека помалку размислуваме кога имаме телефон до нас, но постигнатите резултати според мене многу зависат и од одземањето на внимание од телефонот. Да бидеме реални, додека седи на маса, тој барем на неколку минути ни го одвлекува вниманието – доволно е и да има некој одблесок на дисплејот за да се свртиме кон него.

Др. Хубер вели дека ова сепак нема да ги направи идните генерации поглупави, туку дека тие ќе се прилагодат да го искористат смартфонот за да станат подобри во тоа што го прават. Како аналогија тој го кажува користењето на калкулатори, кои дури и во моето време не беа дозволени на часовите по математика, а денес се составен дел од школството. Бидејќи, кој е „глупав“ да пресметува рачно денес, нели.

Извор: CBS Pitsburgh, Net Doctor, Psichology Today

Претходна статијаGoogle Drive Backup and Sync достапен за корисниците на Windows и Mac
Следна статијаGalaxy Note 8 ќе биде претставен на 23 август?