Програмерите и истражувачите од Mysk, тврдат дека Apple не се до крај искрени кога кажуваат дека го почитуваат изборот на корисниците да не бидат следени, а кога тоа се прави информациите не може да се поврзат со конкретниот корисник.

Според нив, Apple точно ја следи активноста на корисниците во App Store и во апликациите од компанијата, а сето тоа што го собира како аналитика може точно да се поврзе со конкретниот корисник.

Тие тврдат дека анонимните податоци кои ги собира Apple за некои од нивните апликации содржат таканаречен „Directory Services Identifier (DSID)“ кој е директно поврзан со iCloud сметката на корисникот.

Тоа што сепак треба да се знае е дека информациите кои се верува дека Apple ги собира се информации како кои апликации се разгледани во App Store и слични, односно не се работи за целосно следење на целиот уред.

Проблемот настанува, доколку ова се покаже како точно, што ако Apple не се искрени со начинот на функционирање во еден дел, колку и да делува мал, дали истото го прават и за посериозни работи.

Apple се компанијата која го гради угледот, меѓу другото, на тврдењето дека тие не ги следат своите корисници и дека приватноста за нив е нешто најважно.

Во дел од коментарите може да се прочитаат тврдења дека Apple сепак не го крие ова како практика и дека ова е непотребен обид да се обвинат погрешно.

Како и да е, ја чекаме реакцијата од компанијата, доколку се случи такво нешто, да видиме што ќе кажат.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаКорисници пријавуваат дека им се прикажуваат туѓи слики преку iCloud за Windows
Следна статијаКомпанијата Visa носи иновативни искуства за плаќање на Светското првенство во Катар 2022
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.