gsmarena_007

iPhone SE беше претставен пред 2 недели, а изминатиот викенд беше првиот кога стана достапен во продажба. Иако сме научени Apple да поставува рекордни продажби за нивните нови модели, сепак за новиот iPhone ова и не беше баш очекувано.

Бројките кои ги објави компанијата Localytics ги потврдуваат овие очекувања и според нив, iPhone SE е досега најмалку продаваниот модел во споредба со другите модели изминатите години.

iphone-se

Бројките покажуваат дека после првиот викенд iPhone SE има само 0,1% пазарен удел во споредба со останатите iPhone модели.

За споредба, сите останати модели во првиот викенд на продажба имаат остварено поголем пазарен удел, односно iPhone 5S имал 0,9%, iPhone 6 – 2%, а двата Plus модели од изминатите 2 години по 0,3%.

iPhone-SE-vs-previous-models

Сепак, кога ќе се земе во предвид дека новиот iPhone иако ги има карактеристиките на поголемите модели, тој сепак доаѓа со постариот дизајн од 5S моделот. Исто така, колку и да се чинеше дека корисниците помасовно би купувале помали мобилни телефони, бројките на останатите производители покажуваат дека поголемите модели одлично се продаваат.

Пазарниот удел на SE се очекува да се зголеми со тек на време. Фактот што овој модел не донесува нешто значително ново на пазарот, укажува на тоа дека корисниците постепено ќе го прифаќаат како што им истекуваат договорите и слично.

Во статистиките од компанијата се и информации за новиот iPad Pro 9,7, кои покажуваат дека овој уред во главно се продавал исто како и останатите модели.

Извор: Localytics, TechnoBuffalo

Претходна статија“BMW Connected” ќе го направи вашето BMW возило многу попаметно
Следна статија8Pack Asteroid е мега брз гејмерски компјутер во мини куќиште
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.